Членови на 12 општински организации на Организацијата на резервни старешини на Македонија учествуваа на регионалниуот марш кој во саботата се одржа во Свети Николе. Оваа традиционална манифестација е поддржана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Учесниците ја поминаа марш-рутата во должина од 12 километри од Свети Николе до манастирот Ѓуриште.