Официјализиран стартот на изградба на нова противпожарна станица во Свети Николе

Денес , во присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, се официјализира стартот на изградба на нова противпожарна станица во Свети Николе наменета за вработените во ТППЕ Свети Николе, согласно договорот склучен минатата година со Амбасадата на САД.Вредноста на градежните активности е во износ од 450.000 долари, а парични средства се добиени како грант од Американската амбасада и Инжинерската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК) . Во името на граѓаните на општина Свети Николе, се упатува јавна благодарност до сите нив што излегоа во пресрет за реализација на овој значаен и капитален објект.Согласно проектот, Свети Николе за скоро време ќе добие најсовремена противпожарна станица во државата согласно сите светски стандарди.Исто така во тек е набавка на две противпожарни возила за припадниците на ТППЕ Свети Николе исто така донации од збратимената општина Пуцонци Р.Словенија и едно од Велика Британија . Со набавката на овие возила со комплетна придружна опрема, ќе се придонесе за подобрување на условите за работа на ТППЕ Свети Николе и подобро справување со пожари и други елементарни непогоди на територијата на општина Свети Николе и Лозово.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora