Остварен сонот на генерациите – Автопат во Источна Македонија

Почитувани,

Сите патишта водат кон местото за кое се наменети, ако има пат. Ако немате пат тешко дека ќе стигнете на дестинацијата навремено, безбедно, брзо, сигурно, а тешко дека ќе може и некој да ве посети, за да ви предложи бизнис соработка.

???????????????????????????????

Денешниот почеток на овој историски ден и историски настан за жителите од Верниот Исток е почеток на нешто што генерации и генерации го мечтаеа, зборуваa, ја пренесуваа идејата, се менуваа гарнитури, политичари си заминуваа и ги покриваше заборавот на времето, но од патот ни трага ни глас.

???????????????????????????????

Да, браќа и сестри, денешниот ден е историски од многу причини. Владата на Република Македонија денеска започна со проектот кој што го предвиде во својата програма, пат за кој што предвиде две опции, концесионер или изнаоѓање на средства по поволни услови за да се започне со изградбата на делницата АВТОПАТ СКОПЈЕ-СВЕТИ НИКОЛА-ШТИП  во должина од 47 км, со период на изградба од 3 години. Верувам дека ова е најдоброто нешто што можеше да им се случи на жителите од Истокот. Добрата инфраструктура значи подобри услови за инвеститорите, побрз пристап до пазарите, сигурна комуникација и безбедност во патувањето. Свети Никола како град ќе биде на само 15-20 минути возење од главниот град. Ова ќе значи нов импулс, нови можности за сите како за жителите на Свети Никола, така и за граѓаните на нашата земја. Ние како општина одамна започнавме со подготовките за овој мега проект. Од едноставна причина што граѓаните на општина Свети Никола исто како и граѓаните на останатите општини веруваат во ветувањата на Премиерот Никола Груевски и Владата на Република Македонија.

???????????????????????????????

Оваа Влада и овој Премиер ветуваат тоа што можат да остварат, затоа велам, денес е историски ден за сите граѓани од Истокот. Ние започнавме со измената на ГУП од 450 на 700 хектари. Близината со главниот град, веруваме ќе им донесе на многу граѓани на Скопје можност да си купат пристоен плац во модерните населби кои ние за оваа намена ги подготвуваме, можност за викенд населба на 700 метри надморска висина и сл. Бизнисмените и инвеститорите да го најдат својот интерес, а ние слободни површини имаме колку сакаат – ова се новите можности, новата реалност, која на овој крај ќе му донесе и нов просперитет.

???????????????????????????????

Затоа сакам како Градоначалник на општина Свети Никола од мое лично име и од името на сите граѓани и жители на Свети Никола да се заблагодарам на Премиерот Никола Груевски и членовите на Владата на Република Македонија на одржаниот збор во кој никогаш досега не се посомневавме. Јас честопати велам, Господ е многу голем. Господ да ги благослови и да ги чува Премиерот Никола Груевски  и тимот министри кои помогнаа во реализацијата за започнувањето на изградбата на овој од животно значење значаен проект и нека е со среќа и со Господ напред со лесно и успешно да оди работата. По три  години да се радуваме како денес, но тогаш на пуштањето во употреба на АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-СВЕТИ НИКОЛА -ШТИП.

 

Со почит,

Зоран Тасев
Градоначалник на Свети Никола

???????????????????????????????

???????????????????????????????

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora