Во општина Свети Николе се одржа церемонија на потпишување на Грант договорот за набавка на ново амбулантно возило од ГГП програмата на Јапонската амбасада во Република Северна Македонија.На церемонијата присуствуваа Н.Е. г-дин Хиронори заедно со својата сопруга, директорката на ЈЗУ “Ѓорѓи Гаврилски” и градоначалникот на општина Свети Николе г-дин Сашо Велковски.На средбата исто така се разговараше и за актуелната состојба во општина Свети Николе и економскиот потенцијал на истата.