Денеска имавме посета од тимот од СОУ Кочо Рацин составен од ученици и наставници кои беа на практична обука за заварувач и посета од 25.01. до 08.02. во Брага, Португалија како дел од заедничкиот проект со Работничкиот Универзитет во Штип.
Учениците ги споделија своите искуства и беа воодушевени од посетата на Брага.
Општина Свети Николе дава безрезервна поддршка на ваквите проекти каде нашите идни стручни кадри имаат можност за професионално усовршување.