Целта на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)“ е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија. Проектот, кој се одржува трета година по ред, и е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, има за цел да влијае за надминување на стереотипите и предрасудите, и суштински да придонесе за градење на дух на толеранција, заедништво и почитување кај младите во Република Македонија.