Прехрамбени пакети за социјалните семејства

По повод новогодишните и божиќните празници, локалната самоуправа на општина Свети Николе, во соработка со меѓуопштинскиот центар за труд и социјала, традиционално како и секоја година и годинава на околу 350 социјално загрозени семејства обезбеди прехрамбени пакети. Како што истакнува градоначалникот Сашо Велковски, на скромен начин сакаме и овие семества да почувствуваат дека не се заборавени и да ги поминат празниците во добро расположение. Покрај ова на голем број од приметелите на постојана парична помош и на социјално загрозените лица годинава се исплатени и највеќе парични средства како еднократна помош. Од наредната година, во буџетот на општина Свети Николе се предвидени финансиски средства кои ќе бидат наменети на самохраните родители, како една од првите општини кои на овој начин ќе се грижи за развојот на најмладата популација.DSCN0347 DSCN0348 DSCN0349 DSCN0353 DSCN0354 DSCN0358 DSCN0359

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora