Во Свети Николе се одржа презентација на Европската Алијансата за јавно приватно партнерство Ц.Р.Е.А.М. на која присуствуваа делегации од локалните самоуправи на општините Свети Николе и Лозово предводени од градоначалниците Сашо Велковски и Аце Велковски, како и преставници на прватни компании од Австрија, Португалија, Србија и Косово, заинтересирани за отворање бизниси во областа на производство на зелена енергија,како и претставници на банки кои сакаат финансиски да ги поддржат ваквите инвестиции. Градоначалниците на двете општини ги истакнаа можностите за поставување на ветерни паркови, како и на фотоволтаични централи за производство на електрична енергија, на повеќе локации кои претставниците на компаниите ги посетија на терен. Со ова се создаваат услови за влез на странски капитал во земјава и за користење на обновливите извори на енергија.