Продолжуваме со градежната офанзива во нашата општина.
Овој пат , е на ред изведба на атмосферска канализација во населба Шутка и улица Ќиќевачка и Кумановска, каде 20 години граѓаните од овој крај имаа проблеми со избивање на фекалии и поплавување на дворовите. Време е за решавање на проблемот.
Изведувач на градежните работи е Изгрев инжинеринг од Велес а вредноста на оваа инвестицијата е 1.000.000 денари.
Потоа следува изведба на канализациона мрежа на Кнежевски пат и Рецко Маало-Рудина
Работиме во интерес на граѓаните , решавајќи ги повеќегодишните проблеми.