Архиви

Промоција на мерките за пораст на бруто платата

Организацијата на работодавачи на Македонија, денеска во Свети Николе одржа промоција на мерките за пораст на бруто платата во трудоинтензивните дејности на стопанството. На промоцијата покрај голем број претставници од стопански организации и претпријатија од Свети Николе, Штип и Куманово, учествуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров. Целта на промоцијата е преку одредени мерки работодавачите и претпријатијата да искористат дел од финансиската поддршка за раст на платите во трудоинтензивните компании со намера да се поддржи „спиралата“ кај платите, односно растот кај платите поттикнат од зголемувањето на минималната плата. Ова ќе значи подигнување на стандардот на вработените, нови работни места и намалување на невработеноста.

Во рамките на промоцијата Министерката за труд и социјална работа Мила Царовска оствари средба со градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, а воедно ги посети погоните на   конфекцијата         „ Каса Мода“, каде се произведуваат кошули за странските пазари.

DSCN5194 DSCN5202 DSCN5205 DSCN5210 DSCN5211 DSCN5212 DSCN5220 DSCN5227 DSCN5232 DSCN5235 DSCN5238 DSCN5246

ТППЕ
muzej bylazora