Промоција за воведување на дуалното стручно образование во СОУ Кочо Рацин од Свети Николе

Во рамките на проектот „Учи паметно – работи стручно“ , во дворот на СОУ Кочо Рацин од Свети Николе се изврши промоција за воведување на дуалното стручно образование што училиштето треба да го започне да го реализира во учебната 2021/22 година.
На манифестацијата учествуваа ученици од деветите одделенија од општинските училишта во Свети Николе, претставници од МОН , претставници на фирмите каде ќе биде спроведено овој тип на образование и ученици и професори од СОУ Кочо Рацин.
Согласно програмата , секој ученик што ќе се запише во новоотворената прехрамбена насока , дел од учењето ќе го реализира во фирмите со кои е потпишана спогодба за реализирање на образованието. За истите ученици , од страна на МОН е предвидено стипендија во износ од 3.500 денари како и 2.000 денари од страна на фирмите каде ќе се одвива образованието, за сите 4 години од образовниот процес во училиштето со надеж дека во овој процес ќе се вклучат и ученици од другите општини на државата, имајќи во предвид дека во тек е реконструкција на интернатот и на просториите во училиштето каде ќе се одвива ваквиот вид на настава.
Благодарност до претпријатијата Лион ДОО, МИК АД, Хемипром ДООЕЛ и Шиткарски ДООЕЛ кои несебично се вклучуваат во процесот на образование на нови кадри од нашата општина. Истите пред присутни се презентираа со палета од своите производи.
Се инвестира во подобрување на условите за одвивање на образовниот процес во СОУ Кочо Рацин, со цел истото да стане центар на образовниот процес во нашиот регион.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora