По повод 14 Септември, Денот на ослободувањето на Свети Николе од окупаторите во Втората Светска војна, денеска се одржуваат низа манифестации во градот и населените места на општината. Советот на општина Свети Николе одржа свечена седница, на која свој забележителен настап имаше младиот дванаесетгодишен надежен пијанист Гоце Златев, кој досега на бројни светски натпревари, има освоено голем број награди, а пред публиката се претстави со композиции од светски автори. Делегации од локалната самоуправа на Општина Свети Николе предводена од градоначалникот Сашо Велковски, како и бројни делегации од институции, граѓански здруженија и невладини организации положија цвеќе на спомениците на Лазар Колишевски, Александар Серафимов и на спомен костурницата на паднатите борци во НОВ во градскиот парк.
Денеска, на градскиот плоштад ќе се одржи турнир во шах, потоа ќе биде отворена изложбата на слики од годинешнава „Ѓуришка ликовна колонија“ , потоа следува целовечерен концерт на Националниот ансамбл „Танец“, а во вечерните часови на градскиот плоштад пред светиниколската публика ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, а потоа следува настапот на Ди-џеј Чваре.