Во светиниколското село Кадрифаково со голем народен собор, на кој присуствуваа илјадници граѓани од Свети Николе и повеќе околни општини, се прославуваше празникот на Чесниот Господов крст или кај народот познат како Крстовден. Традиционално во организација на Спортското радио од Скопјеи локалната самоуправа на општина Свети Николе, голем дел од македонските естрадни ѕвезди настапија пред бројните гости и верници, придружувани од оркестарот „Овчеполски свадбари“. На прославата присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски.