Со положување на цвеќе на бистата на поетот и револуционер Кочо Рацин во дворот на СОУ во Свети Николе ,свечено се одбележа патрониот празник на училиштето. На прославата како гости учествуваа ученици и професори од СОУ „Нико Нестор“ од Струга, вклучени во проектот за етничка толеранција, како и претставници од средни училишта од Кратово, Пробиштип, Крива паланка и други.