Во црквата на манастирот Ѓуриште во Свети Николе, голем број верници присуствуваа на вечерната богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион, по повод големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“. И денес од раните утрински часови голем број граѓани од Свети Николе и соседните општини доаѓаа во манастирот каде беше организиран голем народен собор. На прославата присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски.