Прослава по повод 14ти Септември, Ден на ослободувањето на Свети Николе

Свети Николе слави 77 години од ослободувањето на градот.

По тој повод, пред платото на Дом на култура„К.Мисирков“ се одржа свечена академија на која се истакнаа големите достигнувања на локалната самоуправа минатата година на полето на комуналната инфраструктура, водоводи и канализации, образование, социјална заштита, млади и спорт .

На академија присуствуваше и делегација на збратимената општина Ќиќевац од Р. Србија на чело со претседателката д-р Мирјана Кркиќ.

Во рамки на програмата се доделија парични награди и признанија на ученици и нивните ментори за постигнатите успеси на државно и меѓународно ниво минатата учебна година.

На сите сограѓани им го честитам денешниот празник 14 Септември , денот на слободата, како најзначаен симбол на секој граѓанин , на секој народ.

Честит и вековит нека ни е денот на ослободувањето 14 септември !!!

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora