Свети Николе претставува идеално место за летови со балони. Воздушните струења, прекрасните предели на овечеполието, археолошките наоѓалишта се дел од можностите за вистинско доживување што го нуди летањето со балон. На 11 ноември за прв пат се случи полетување со балон од Свети Николе. Борче Пауновски професионален пилот, кој пилотира со единствениот балон во нашава земја, истакнува дека Свети Николе може својата туристичка понуда да ја збогати со летовите со балони, но и да ја промовира општината надвор од нашата земја. Интересот за летање со балон е се поголем и се доживува како атракција со зголемен адреналин. Првото полетување на 25 метарскиот балон, во неделата од фудбалското игралиште во раните утрински часови, пријатно ги изненади светиниколчани и кои со неверување гледаа во небото, следејќи го движењето на балонот. Се очекува во наредниот период, летовите со балон од Свети Николе да бидат се почести и се повеќе заинтересирани лица да летаат над градот и овчеполието.
Скорешни написи
- 15-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- 14-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Јавен повик – Општо корисна работа
- Одлука за избор на кандидат по Интерен оглас број 01/2022
- Соопштение за прскање против комарци
Кој е онлајн?
Во моментот: 2 посетители
Прв лет со балон
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 1.77 | 2.25 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | 2.85 | 4.57 |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 1.60 | 2.85 |
Целосен приказ