Во родилиштето на Здравствениот дом „Примариус Доктор Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе на 31 Јануари годинава се роди првото бебе. Мајката Марија Зафирова ја роди ќеркичката Мелани долга 53 сантиметри и тешка 4050 грама. Денеска градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски ги посети и им врачи пригодни подароци и ваучер со 20 илјади денари. Како што истакна секоја нова рожба е радост и за родителите и за општината бидејќи новите поколенија се иднината на заедницата. Локалната самоуправа ќе настојува во родилиштето да се подобрат условите и што поголем број на жени да се породуваат во Свети Николе наместо да одат во соседните градови или во Скопје и таму да ги донесуваат на свет своите рожби.
Скорешни написи
- ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2021
- 65-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Граѓаните на Свети Николе добија пешачка и велосипедска патека, средствата се неповратен грант од Програмата за рурален развој
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 43.70 | 72.03 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 23.30 | 44.38 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 18.73 | 30.52 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 4 посетители
Првото родено бебе оваа година женско