Во родилиштето на Здравствениот дом „Примариус Доктор Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе на 31 Јануари годинава се роди првото бебе. Мајката Марија Зафирова ја роди ќеркичката Мелани долга 53 сантиметри и тешка 4050 грама. Денеска градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски ги посети и им врачи пригодни подароци и ваучер со 20 илјади денари. Како што истакна секоја нова рожба е радост и за родителите и за општината бидејќи новите поколенија се иднината на заедницата. Локалната самоуправа ќе настојува во родилиштето да се подобрат условите и што поголем број на жени да се породуваат во Свети Николе наместо да одат во соседните градови или во Скопје и таму да ги донесуваат на свет своите рожби.