Пуштено во употреба реконстуираното алтернативното снабдување со вода за пиење од м.в.Дивљак и цевковод до с.Горобинци

Во присуство на заменик министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски,  Митрополит Брегалнички г.Иларион и присутни гости,беше пуштено во употреба реконстуираното алтернативното снабдување со вода за пиење од м.в.Дивљак и цевковод до с.Горобинци.
11 години овој капитален објект , со 9 артерски бунари за вода , нефункционална филтер станица , стоеше на заборав на времето , иако во него претходно беа вложени околу 2,5 милиони евра .  
Оваа локална власт,благодарејќи на домаќинско работење, како и  на ентузијазмот на наши сограѓани вложи напори со сопствени средства од буџетот на општина Свети Николе, во износ од 8.500.000 денари , дел овој систем на бунари да го рестартира ,поточно три бунари, да вложи во набавка на сосема нов вид на филтер за прочистување на водата со капацитет од 20л/с, но и да изгради нов цевковод во должина од 5км до с.Горобинци.
Со една ваква инвестиција во услови на пандемија од КОВИД-19, се решавааат два големи проблеми на граѓаните – Водоснабдување на жителите од с.Горобинци кои мака мачат со недостаток на вода посебно во летните месеци од годината но и на жителите на повисоките подрачја во градот и населбата Бел камен кај кои се појавува постојан недостаток на вода,  исто така во летниот период од годината.
Благодарност на сите учесници во реализација на оваа успешна приказна,  но и  на професионалноста во работењето што ја покажаа вработените во  фирмата Сандра инжинеринг ДООЕЛ Скопје , но и на вработените во ЈКП Комуналец Свети Николе кои за прв пат во историјата на постоење на претпријатието одговорија на предизвикот во изградба на сосема нов цевковод во должина од 5 км до с.Горобинци и истите во голема мера ги намалија трошоците за инвестиции на овој проект.
Локалната самоуправа стои на предизвикот за решавање на вакви горчливи проблеми со водоснабдување  на сите граѓани од општина Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora