Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на Општина Свети Николе е дел од активност МЕНТОРСКА ПРОГРАМА, активност од тригодишниот проект „Ние сме жени лидерки и двигателки на промени во нашите заедници“.
Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на жените советнички во советите на локалната самоуправа, а со тоа да ја унапреди состојбата со еднаквите можности на локалното ниво.
Проектот е финансиран од UN WOMEN – Фондот на Обединетите Нации за родова еднаквост, а партнерски се спроведува од Македонско женско лоби и Одделот за родови студии на Универзитетот „Евро-Балкан“, во соработка со организациите Десиде и Сирма. Стратешки партнер на проектот е Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија.
Како под-активност на Менторската програма на 27.03.2014 година (Четврток) со почеток во 14 часот, во Општинската сала се одржа работилница за развивање на вештини на тема “Јавно говорење“ од страна на менторката Лилјана Поповска, која е стратешки ментор во проектот, а воедно и Претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија наменета за Советниците при Советот на Општина Свети Николе и Општинската администрација.