Координаторката за еднакви можности на мажите и жените заедно со Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на Општина Свети Николе континуирано ги спроведуваат активностите од тригодишниот проект„Ние сме жени лидерки и двигателки на промениво нашите заедници“, односно активноста МЕНТОРСКА ПРОГРАМА.
Kако под-активност на Менторската програма,беа oдржани две работилници на ден 25 Ноември 2014 година –Вторник во средното училиште „Кочо Рацин“ на средношколките од IV година, на тема:“Превенција од рак на дојка“, водена од страна на Д-р Гордана Митева.
Главна цел на трибината беше подигнување на свеста за ракот на дојка и важноста од правење редовни самопрегледи.
Проектот е финансиран од UN WOMEN – Фондот на Обединетите Нации за родова еднаквост, а партнерски се спроведува од Македонско женско лоби и Одделот за родови студии на Универзитетот „Евро-Балкан“, во соработка со организациите Десиде и Сирма. Стратешки партнер на проектот е Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија.
Комисија за еднакви можности на
жените и мажите при
Совет на Општина Свети Николе