Координаторката за еднакви можности на мажите и жените и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на Општина Свети Николе учествуваат во тригодишен проект„Ние сме жени лидерки и двигателки на промениво нашите заедници“, односно во под – активноста МЕНТОРСКА ПРОГРАМА.
Kако под-активност на Менторската програма на ден 26.06.2014 (Четврток) со почеток во 12:30 часот, во Општинската сала се oдржа работилница на тема:“Родово буџетирање“ водена од страна на тематската менторка Весна Јованова.
Проектот е финансиран од UN WOMEN- Фондот на Обединетите Нации за родова еднаквост, а партнерски се спроведува од Македонско женско лоби и Одделот за родови студии на Универзитетот „Евро-Балкан“, во соработка со организациите Десиде и Сирма. Стратешки партнер на проектот е Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија.
Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на советите на локалната самоуправа, а со тоа да ја унапреди состојбата со еднаквите можности на локалното ниво.