РАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ”Проценка на резултатите и предизвиците од менторската програма за јакнење на жените во локалната самоуправа”

Комисијата за еднакви можности при Совет на Општина Свети Николе и Координаторката беа дел од оваа работна конференција која се одржа во хотел „Александар Палас“, на 18-ти ноември 2014. Конференцијата е интегрален дел на проектот „Ние сме жени лидерки и двигателки на промени во наштите заедници“, кој има за цел да придонесе за поголемо учество на жените во политиката и на местата од кои се донесуваат одлуки. Овој проект придонесува кон воспоставување и ефективно спроведување на родовите политики во единиците на локалната самоуправа.
На конференцијата се презентираа постигнатите резултати од спроведените менторски акции во 21 општина како и предизвиците и очекувањата од истите. Се претстави интернет платформата за споделување искуства и ресурси и алатките за истражување, начинот на регистрирање и следење на вебинарот.
Се работеше во 4 панели каде се разменија искуства, знаење и информации по однос на темите во панелите и се трасираа идните активности во 2015
Панел 1 Учеството на жените во општествениот живот и во донесувањето одлуки
Панел 2 Женското здравје и семејното насилство
Панел 3 Новите родово-чувствителни услуги што ги нудат оптините
Панел 4 Економско јакнење на жените
на крајот се донесоа заклучоците и препораките.
konferencija zeni (5) konferencija zeni (4) konferencija zeni (3) konferencija zeni (2) konferencija zeni (1)

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora