Општина Свети Николе преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „ реконструкција на улици,водоводна и канализациона мрежа и изградба на тротоари и систем за атмосверски води во општина Свети Николе“.
Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 12 месеци.
Проектот предвидува : реконструкција на двете постоечки улици во општина Свети Николе: “Крсте Мисирков“ и “Младинска“. Улиците се наоѓаат во централниот дел на општина Свети Николе. Улицата “Крсте Мисирков“ започнува веднаш по раскрсницата и завршува непосредно пред крстосницата со улицата “Карпошева“. Улицата “Младинска“ продолжува од улицата “Крсте Мисирков“, односно започнува на крстосницата со улицата “Карпошева“, а завршува непосредно пред крстосницата со улицата “Вељко Влаховиќ“. Проектот вклучува реконструкција на улици и изградба на систем за атмосферски води на улица “Крсте Мисирков“ и реконструкција на улицата, снабдување со вода и канализација и изградба на систем за атмосферски води и тротоари на улица “Младинска“.
Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот докумет кој во електронска форма може да го пронајдете на следниов линк PAD_Sveti Nikole
Скорешни написи
- Граѓаните на Свети Николе добија пешачка и велосипедска патека, средствата се неповратен грант од Програмата за рурален развој
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 9.50 | 17.13 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 12.38 | 23.35 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 17.92 | 33.53 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 2 посетители
Реконструкција на улици,водоводна и канализациона мрежа преку Проектот за подобрување на општинските услуги