Денес делегација од претставници на Лабораторијата за социјални иновации „СмартАп“ и Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Скопје во рамки на проектот за ревитализација на библиотеките во Македонија, перстојуваа во Свети Николе. При тоа се запознаа со работата на библиотеката „Гоце Делчев“ која работи во состав на Домот на културата „Крсте П. Мисирков“, а остварија и средба со градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски. Проектот кој е поддржан од страна на Амбасадата на САД во нашава земја е со цел да се препознае потенцијалот со кој располага библиотеката и нејзин понатамошен развој со цел уште повеќе да се приближи до читателите.