Локалната самоуправа на општина Свети Николе големо внимание посветува на инфраструктурното уредување на малите населени места, настојувајќи да ги подобри условите за живот на граѓаните. Изминативе неколку месеци градежна оператива интензивно работеше на санирање на голем број улици во руралните средини, каде целосно се санираа коловозите кои на некои места беа тешко проодни. Над 14 километри во селата Ерџелија, Мустафино, Амзабегово, Црнилиште, Пеширово, и Горобинци беа тампонирани, послани со грабан асфалт кој локалната самоуправа во договор со изведувачите го обезбеди од старата траса на патот Свети Николе – Штип. Како што истакнува градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски доколку бидат обезбедени нови количини гребан асфалт ќе уредиме уште улици на нови локации во руралните средини. Досега се вградени околу 50 илјади метри квадратни гребан асфалт и ќе настојуваме овој проект да го продолжиме и во наредните месеци, со цел условите за живот на граѓаните во руралните средини да го осовремениме и подобриме.