ШОУ ЗА ДЕЦА „ЅВЕЗДИЧКИ“

Во организација на ОУ Дом на културата„Крсте Мисирков“-Свети Николе, а во соработка со Општинските основни училишта од Свети Николе и с.Ерџелија, во втората половина на месец Октомври 2018 година ќе се одржи ШОУ ЗА ДЕЦА „ЅВЕЗДИЧКИ“. Шоуто е под покровителство на Локалната самоуправа на Општина Свети Николе.

–          Право на учество имаат сите заинтересирани на возраст од 6 до 14 години.

–          Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории:

  • Плејбек настап(-поп – рок композиција по избор на групатаучесник) со вокална изведба во придружба на оригиналната песна и сценскиот настап со сопствена кореографија и
  • Караоке пеење во живо(поп- рок композиција, на матрица по сопствен избор) и сценски настап со сопствена кореографија.

–          Пријавување ќе трае од 3 до 15 септември во просториите на ОУ Дом на културата „Крсте Мисирков“. Сите заинтересираниучесници подетални информации ќе можат да добијат од Влатко Јевремов и на тел. 076 /376-460 и 032/442-733.

ПОВЕЛЕТЕ на најразиграното и најраспеаното шоу за деца . Ѕвездички заблескајте со нотите на радост и песна, игра и забава .

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora