„Сите заедно во борба против рак на дојка“

Флеш моб од учениците во општина Свети Николе вклучени во акцијата „Сите заедно во борба против рак на дојка“ и одбележување на Октомври – месец за борба против рак на дојка во организација и реализација на Локалната самоуправа на општина Свети Николе и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените и со поддршка на Организација на жените на општина Свети Николе, Совет на Млади на Општина Свети Николе, ОО на Црвен Крст Свети Николе, ОУ Кирил и Методи, ОУ Гоце Делчев, СОУ Кочо Рацин, ЈП Погребални услуги, ЈКП Комуналец, како и голема благодарност до АД Мода Свети Николе.

Воедно и од страна на волонтери се собираа средства за Фондот наменет за жените од Свети Николе – заболени од рак на дојка, се делеше и промотивен материјал со корисни информации за превентивна грижа, како и информации за превентивно и навремено откривање на рокот на дојка.

Тргнувајќи од одредени статистики на малигните заболувања, официјалните податоци зборуваат за висока стапка на морталитет од заболувања на рак на дојка и матка кај жената, што во прв ред се должи на нивното ненавремено откривање во раната фаза. На локално ниво проблемот со малигните болести и стапката на морталитет од оваа заболување е со висок процент. Затоа со овие активности за информирање за превентивно откривање во раната фаза имаат за цел да придонесат во намалување на инциденцата на болеста и смртноста од ракот.

Присутен на настанот беше и Градоначалникот Зоран Тасев истакна дека локалната самоуправа ги подржува ваквите настани со коишто ќе се сврти вниманието на населението и ќе се влијае на подигнување на свеста кај жените за ракот на дојка како потенцијално излечива болест со нејзино навремено откривање.Апелираше до сите жени редовно да одат на мамографските прегледи коишто можат да ги извршат и во нашиот Здраствен дом, со коишто би се дошло до навремено откривање на болеста во раната фаза. Истовремено подршката незастанува тука бидејќи локалната самоуправа заедно со Комисијата за еднакви можности спроведува проект за мамографски прегледи за жените од руралните населби, а воедно постои и Фондот наменет за жените од Свети Николе – заболени од рак на дојка, со средствата од Фондот им се овозможи на жените заболени од рак на дојка набавка на перики и специјални градници, покривање на патните трошоци до болница за извршување на прегледи, контроли и соодветна терапија. Апелираше дека Фондот е од отворен карактер и во него може постојано да се донираат средства од страна на сите граѓани и бизнис секторот, со цел подобрување на квалитетот на животот на жените од Свети Николе – заболени од ракот на дојка.

rak na dojka (5) rak na dojka (4) rak na dojka (3) rak na dojka (2) rak na dojka (1)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora