Снег проследен со северен ветер, ја зафати општина Свети Николе. На сите магистрални и регионални патишта има околу десетина сантиметри снежна покривка. Според информациите на АМСМ и Македонија пат, магистралните патишта од Свети николе кон Штип, Велес и Куманово се проодни, иако на коловозот има кашест снег. Најкритични места на патот кон Куманово е кај село Павлешенци каде ветерот постојано создава наноси на патот и на експресниот пат кон Велес кај село Сарамзалино. Снегот постојано се чисти, а сообраќајот се одвива без застои. Што се однесува до проодноста на патиштата до селските населби, прекин на сообраќајот има на патот кон село Павлешенци од клучката на патот Свети Николе – Куманово, кон село Орел, Сопот, Преот, Трстеник. Екипи за зимско одржување на патиштата заедно со механизација и вработени од ЈКП „Комуналец“ веќе се на терен и работат на расчистување на овие делници. Вработени од комуналното претпријатие ангажирани се и на расчистување на тротоарите, пешачките патеки и улиците во градот.
Скорешни написи
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
- Донација на компјутерска опрема ( таблети ) во ОУ Гоце Делчев
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 5.57 | 11.88 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 5.20 | 9.57 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 8.85 | 14.35 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 4 посетители
Снежен бран во општина Свети Николе