Со акција одбележан Светскиот ден на чистење

Поголем број вработени во јавната администрација на локалната самоупава на општина Свети Николе, како и вработени од основните и средните училишта и од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, денеска со акција за чистење на тревните површини на новиот градски парк  го одбележаа Светскиот ден на чистење. Како што истакна градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски  потребно е  зголемување на свеста на граѓаните, како и континуирани акции за чистење на сметот во текот на целата година.

 

IMG_5969 IMG_5977 IMG_5985 IMG_5989 IMG_6005 IMG_6009

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora