Состанок на Кризниот штаб на Општина Свети Николе

‼ КОВИД-19 ‼
На денешниот состанок на Кризниот штаб на општина Свети Николе, се разгледа одлуката на Владата на РСМ за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден, почнувајќи од денес 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Согласно одлуката  дозволите за движење кои Министерството за информатичко општество и администрација ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, истата може да ја отпечатат од својата е-маил адреса. Напоменуваме дека дозволите се испратени од  notification@uslugi.gov.mk.

Физичките лица не е дозволено да се движат за време на полицискиот час за приватни потреби, освен во случаи кои се итни (медицинска грижа, аеродром, меѓународен превоз на патници), за што мора да најават на службата 192 во МВР.

Фирмите да го користат Образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и МВР.

За нови потврди, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk. Дозволите за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

Моменталната ситуација на заболени лица од коронавирус на територијата на општина Свети Николе е 25 лица.

Во наредниот период ќе продолжиме со зголемена превенција и заштита од КОВИД-19 и со дезинфекција на јавните места.

Апелираме до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora