По покана на д-р Харалд Стаудер градоначалник на италијанската општина Лана, во работна посета престојуваше градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев. Оваа средба е иницирана минатата година бидејќи голем дел од населението во оваа општина во северна Италија, е од Македонија и претежно од општина Свети Николе. На средбата отворено се разговараше за соработка меѓу општините во различни области култура, стопанство, животна средина, како и за можноста за збратимување на општините. На покана на градоначалнкот Зоран Тасев се очекува возвратна посета на градоначалникот на Лана на која ќе бидат прецизирани понатамошните активности меѓу овие две општини.