Свечена академија по повод Свети Никола патронот на градот беше одржана на ден 18.12.2017 година, на која беа доделени признанија на лауреатите. Годинава по предлог на граѓани комисијата за доделување на награди при Советот на општината, одлучи на неколку компании и заслужни граѓани да им го додели највисокото општинско признание „Свети Николај“ за особен придонес во развој на здравството, спортот, меѓуопштинската соработка и економијата и стопанството. Градоначалникот на општина Свети Николе не свечената академија по повод 19 Декември празникот на патронот и заштитникот на градот, им ги додели признанијата на БИМ ад. Свети Николе, Лион доо Свети Николе, Коки Лукс дооел Свети Николе, Златан Кркиќ, Претседател на Општина Ќиќевац, Милка Крстева медицинска сестра пензионер, и Панче Анастасов шнајдер-фудбалер