По повод денот на пожарникарите вработените во Територијалната противпожарна единица организираа демонстрација на активности за спасување на лица од запалена зграда како и локализирање на пожар. Покрај тоа на плоштадот во Свети Николе пред голем број граѓани, професионалните пожарникари спроведоа акција за спасување на лица од автомобил по сообраќајна незгода, во која беа вклучени и вработените од Итната помош. Членовите на Доброволното противпожарно друштво во општинските основни училишта „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“ пред учениците изведоа показни вежби за спасување на лица од згради зафатени со пожар, а воедно учениците ги запознаа со опремата за справување со кризни состојби како што се пожарите, поплавите, земјотресите и другите природни катастрофи.