Среда, 27.08.2014 г. 19.30 часот во Кино Салата како дел од програмата на Светиколското културно лето, Светиниколчани ќе бидат во можност да ја проследат Театарската претстава од НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип „ Самоубиство на осаменоста“ во режија на Украинецот Александар Мирошниченко, драмски текст на украинската писателка Неда Неждана. Во претставата има четири лика, по два машки и женски. Нив ги толкуваат: Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Виктор Арев и Марија Минчева. Сценографијата е на Владимир Ѓорески – Рафик, музиката на Бошко Симоновски, а костимите се креација на Маја Кикириткова. Ликовите на сцената ќе ја донесат приказната за една многу значајна работа за која ние многу ретко размислуваме. Суштината на претставата е содржината на нашиот живот во кој доминантна е борбата да не останеме сами. Не е важно дали во животот ќе направиме успешна кариера, дали ќе ја оствариме посакуваната љубов, туку е важно основното начело – да не останеме сами, што е најважно за нашето битие“ – Александар Мирошниченко.