Архиви

Во рамки на проектот CITYMOVE

Во рамки на проектот CITYMOVE, кофинансиран од Европската унија преку програмата Interreg IPA Adrion, Општина Свети Николе беше учесник на третата партнерска средба од 22 до 24 септември во Мостар Босна и Херцеговина. Покрај состаноците на работните тимови, беше организиран и Ден на урбана мобилност, на кој се промовираше користењето на одржливи форми на транспорт и здрави животни стилови.
Учесниците од партнерските градови и општини возеа велосипеди низ улиците на Мостар во рамки на одбележувањето на Европскиот ден без автомобили, испраќајќи јасна порака за значењето на намалувањето на зависноста од автомобилите и поттикнувањето на еколошки прифатливи решенија. Програмата продолжи со еко-тура и активности за рекреација и промоција на здрави навики, а беше одржано и предавање за урбанистичко планирање и мултимодален транспорт.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев преку видео порака, ги поздрави присутните партнери и истакна дека гледа во урбаната мобилност можност за современ и еколошки развој на градот, насочен кон подобра иднина за сите жители од регионот.
Проектот CITYMOVE ги обединува партнерите од осум држави:
Бар (Црна Гора) – водечки партнер, Мостар (БиХ), Биоград на Мору (Хрватска), Нови Пазар (Србија), Свети Николе (Македонија), Губио (Италија), Мат (Албанија), Кантанос-Селино (Грција) и институтот CIHEAM (Грција).
Придружени партнери се NALAS (Македонија) и Општина Лесковац (Србија).
Главната цел на проектот е намалување на зависноста од автомобилите преку унапредување на инфраструктурата и промоција на користење на еколошки превозни средства во рамки на Јадранско-јонскиот регион.
Во рамки на проектот се изработуваат локални планови за одржлива мобилност, заеднички транснационален план, како и мобилна апликација за велосипедски и пешачки патеки.
За Општина Свети Николе, проектот ќе донесе конкретни резултати:
• набавка и инсталација на соларна автобуска постојка,
• поставување на соларна станица за полнење на електрични тротинети и велосипеди,
• изработка на локален план за одржлива урбана мобилност,
• организирање на настани за промоција на одржлива урбана мобилност.
Учеството на Општина Свети Николе на оваа средба придонесе за размена на искуства, зајакнување на партнерските односи и споделување на идеи за развој на одржлив, модерен и еколошки ориентиран транспортен систем.
Повеќе информации за програмата Interreg VI-B IPA ADRION 2021–2027 може да се најдат на следниот линк:
https://www.interreg-ipa-adrion.eu/

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е viber_image_2025-10-10_09-35-33-746-1-600x600.jpg

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³