Празникот Тодорова сабота или кај народот познат како Тодорица во Свети Николе се слави од памтивек, во чест на Светиот Великомаченик Теодор Тирон . Односно не постојат записи, меѓутоа како и секое населено место што имало определен празник кој го славеле и на кој се одржувал панаѓур и народен собор, така и Свети Николе години наназад го слави овој верски празник.
На Тодорица на панаѓурот доаѓале луѓе од сите околни села и градови, каде играле ора карактеристични за фолклорот на овчеполието. Истовремено поголем број на музички тајфи свиреле за разиграните играорци.Според кажувањата на најстарите светиниколчани едни од најдобрите играорци биле од селото Кнежје.
Инаку, Фестивалот на изворен фолклор Тодорица годинава се одржува по 18-ти пат, а од 2003 година има и меѓународен карактер заради учество на фолклорни ансамбли од други земји. Годинава на фестивалот кој има натпреварувачки карактер ќе земат учество 13 фолклорни ансамбли од Србија, Бугарија и нашава земја. За најдобрите учесници обезбедени се награди. Организатор на манифестацијата е локалната самоуправа на Општина Свети Николе и Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“.
Во рамките на прославата во градскиот парк во од денеска до недела ќе се одржи и голем панаѓур.
Ова нека биде покана и за Вашите гледачи и сите граѓани на нашава земја да дојдат во Свети Николе и заедно да да ја прославиме Тодорица.