По повод верскиот празник „Света Троица“ во село Ерџелија беше организиран традиционален турнир во мал фудбал на кој во изминатите осум дена се натпреваруваа 16 екипи од Свети Николе и неколку соседни општини. Наградите за најуспешните ги додели градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски. Во рамките на прославата на празникот беше организирана и забава со учество на естрадни пеачи.