Месната заедница на село Мустафино по повод верскиот празник „Успение на пресвета Богородица“ , по осми пат успешно го организира вечерниот турнир во мал фудбал на кој годинава зедоа учество 12 екипи. Првото место годинава им припадна на фудбалерите на екипата „Маца-Тафи“ од Муастафино. Наградите на најдобрите екипи и поединци им ги додели градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски кој воедно е и покровител на оваа спортска манифестација.