Архиви

Училишното ѕвоно го означи почетокот на новата учебна година

Во  општинските  основни и средни училишта во Свети Николе,  денес ѕвоното   го означи почетокот на новата учебна година.  Најрадосни беа првачињата кои седнаа во училишните клупи,  за кои постарите ученици приредија пригодни програми. Како што истакна градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски  во изминатиот период се направија неколку реконструкции на училници и училишта со цел учениците и наставниците да имаат  пристојни услови за одвивање и следење на наставата.  Исто така,  денеска и голем број на деца се најдоа во просториите  на градинките каде ќе посетуваат настава во забавишните групи.

DSCN2100 DSCN2091 DSCN2080 DSCN2055 DSCN2043 DSCN1975 DSCN1993 DSCN2004 DSCN2016 DSCN2032 DSCN1946 DSCN1941 DSCN1915 DSCN1914 DSCN1909

ТППЕ
muzej bylazora