Усвоени годишните сметки за 2020 година

На 65тата седница на Советот на општина Свети Николе , усвоени се годишните сметки за 2020 година на општината и на сите институции и јавни претпријатија под ингеренции на локалната самоуправа.
За прв пат во историјата сите институции имаат позитивен резултат од работењето .Општина Свети Николе 2020 година ја заврши со позитивно салдо од 18.000.000 денари а институциите со позитивно салдо од блок дотации имаат вишок на приходи од 17.000.000 денари.Платите на сите вработени пораснаа:

-За 21,3% се поголеми платите во образованието, а значително се повисоки и платите на вработените во градинката, Домот на култура и Народниот музеј. Платите на вработените во ЈКП ,,Комуналец” кои изнесуваа 9.000 денари сега изнесуваат 20.000 денари.Факт што особено ме радува е дека и покрај пандемијата, 2020тата година имаше градежна офанзива во сите училишта, градинката, Домот на културата итн.Колку да се направи паралела, да не се заборави и да не се повтори, ќе споменам дека во 2017 година општинските институции наследија сериозни долгови од кои Општината беше најдлабоко заглавена со долгови во вкупен износ од 1.600,000 евра додека ООУ ,,Кирил и Методиј” наследи долг од 1.200,000 денари или 20 000 евра за неплатена вода цели 8 години во Спортската сала ,,Цар Самуил” со која стопанисува, а СОУ ,,Кочо Рацин” наследи долг од 7,654.970 денари или 125 000 евра. Сите долгови се целосно расчистени.

-Најголем дел од позитивно салдо од минатата година ќе го инвестираме во тековната 2021 година во инфраструктурни проекти за подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora