Вицепремиерот Анѓушев во посета на Свети Николе

Вицепремиерот во Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев во придружба на министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска престојуваа во работна посета на општина Свети Николе. При тоа остварија средба со менаџментот на компаниите „МИК“ и „БИМ“, каде се искористени средства за финансиска поддршка за инвестиции, односно од Планот за економски раст. Во рамките на посетата градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, организираше средба на Вицепремиерот и министерката со стопанствениците од општината на која   се дискутираше за најчестите проблеми со кои се судираат бизнисмените во своето работење, за увозот на суровини од странство, како и за проблемот со вработувањето на стручни кадри и работници во стопанството. На средбата беа презентирани можностите за компаниите преку планот за економски раст со финансиска поддршка.

DSCN0290 DSCN0301 DSCN0313 DSCN0314 DSCN0323 DSCN0329 DSCN0397 DSCN0401 DSCN0416

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora