Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска беше во работна посета во Свети Николе, каде што градоначалникот Зоран Тасев организираше средба со бизнис секторот. Вицепремиерот Пешевски на отворената средба со бизнисмените од општината, се интересираше за актуелните состојби во стопанството, како и можностите за зголемување на производството , извозот и имплементација на мерките на Владата на Р. Македонија за инвестиции и нови вработувања.