Денеска делегација предводена од Вицепремиерот Владимир Пешевски при Владата на РМ, во која учествуваа и пратениците Емил Димитриев, Благица Ласовска и Никола Мицевски , како и градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев и Претседателот на Советот Илија Стоилев ги посетија месните заедници во селата Пеширово и Црнилиште, каде остварија средба со жителите на овие населени места. Притоа се интересираа и разговараа за остварените проекти во комуналната инфраструктура, за вработувањата, за земјоделството како и за другите секојдневни потреби и проблеми.