На втората сесија на Форуми на заедниците, учесниците од невладиниот сектор, јавната администрација, образованието, бизнис заедницата работеа на конкретни проекти кои се од интерес на граѓаните на Свети Николе. Во понатамошните активности на форумите ќе се работи на подготовка на проектите кои ги потенцираа учесниците, а тоа се: Имплементирање на систем за затоплување и климатизација на кино салата во Домот на култура, реконструкција на покривната конструкција на клон 2 од детската градинка „Рахилка Гонева“ и замена на дотраените прозорци, безбеден пристап во основното училиште „Кирил и Методиј“, воведување на систем на загревање во спортската сала „Цар Самоил“, центар за поддршка на жени претприемачки од руралните средини, адаптација на просторија во с.Ерџелија во згрижувачки капацитет за деца, адаптација за простории за настава по спорт во средните училишта и опремување на медијатека со сензорна соба за децата со посебни потреби со дидактички материјал. Во завршната сесија ќе бидат избрани еден или два проекти кои ќе бидат поддржани со 50 илјади швајцарски франци кои ќе се имплементираат до крајот на месец Јуни. На сесијата присуствуваа Фисник Шабани и Лејла Небију од УНДП кои заедно со Швајцарската агенција за соработка и развој го спроведуваат овој проект во неколку општини од нашава земја.
Скорешни написи
- Граѓаните на Свети Николе добија пешачка и велосипедска патека, средствата се неповратен грант од Програмата за рурален развој
- Објава за оттуѓување на градежно земјиште
- Свети Николе место со најголеми инвестиции во државата во производство на т.н. зелена енергија
- 64-та Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Инсталирани мерни станици за квалитет на воздухот
Квалитет на воздухот
Моментални вредности:
Агенција за вработување | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
ООУ „Гоце Делчев“ | |
PM2.5 | PM10 | 9.43 | 17.90 |
СОУ „Кочо Рацин“ | |
PM2.5 | PM10 | 16.08 | 30.95 |
ЈЗУ Здравствен дом | |
PM2.5 | PM10 | - | - |
Дом на културата | |
PM2.5 | PM10 | 14.52 | 25.25 |
Целосен приказ
Кој е онлајн?
Во моментот: 1 посетители
Втора сесија на Форуми на заедниците