Забрана за палење на оган на отворено

Почитувани сограѓани,
Со цел поголема заштита и заедничко превентивно делување од пожари,
Општина Свети Николе и Регионалниот штаб Свети Николе ги потсетува
граѓаните дека е ЗАБРАНЕТО палење оган на стрништа, на растителни
отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште, пасиште, на
земјоделско земјиште, палење на отворен оган низ полето, во шумата и нивна
непосредна близина, односно постои целосна забрана за палење на оган на
отворен простор.
Предупредуваме, лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор
или поради невнимание предизвикат пожар, дека подлежат на законски
санкции:
– Предвидени се парични казни ( по Закон за земјоделско земјиште, Закон за
ловство и други закони),
– Потпалувачот ќе плати надоместот на штета за изгорените шуми и на туѓото
земјоделско земиште и плаќање на трошоците за интервенцијата за гаснење
на пожарот.
– Покрај паричните казни за предизвикување на пожар, предвидени се и
кривични санкции со повеќегодишен затвор според Кривичниот законик за
делата предизвикување на општа опасност и на шумски пожар.
Укажуваме на земјоделците дека со опожарувањето на стрништа и
обработливотото земјиште почвата ја губи потребната структурата. Се
угинуваат сите микро организми кој учествуваат во разградувањето на сите
хранливи материи потребни на растенијата, се влошува хумусот и самата
структура на почвата го намалува приносот и квалитетот на се она што се
произведува.
Да ги заштитиме нашата животна средина, животинскиот и растителен свет !
Не палете оган во шуми и друг отворен простор !
Да ја заштитиме нашата општина !
Доколку приметите пожар јавете се на:
– Противпожарна единица – 193
– Полициска станица – 192
– Центар за управување со кризи – 112 и 195
Од Општина Свети Николе и
Регионален штаб за управување со кризи и заштита и спасување
Свети Николе

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora