Крајот на ловната сезона, ловците од ловечките друштва Еребица од Свети Николе и Про-лов од Пробиштип го одбележаа со заедничка хајка на штетен дивеч. Околу двесте ловци се собраа во просториите на манастирот во село Ранченци на заедничко дружење и договори за наредните акции на ловечките друштва. На средбата присуствуваа градоначалниците на Свети Николе и Пробиштип, Зоран Тасев и Тони Тоневски, како и заменик министерот за Одбрана Емил Димитриев.