Заменик министерот Костадиновски на средба со светиниколските земјоделци

Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, денеска оствари средба со земјоделците од Свети Николе. Во рамките на посетата тој разговараше со сточарите и земјоделците за актуелните состојби во аграрот при што беше истакнато дека и понатаму Министерството за земјоделство и Владата на Република Македонија ќе вршат субвенционирање за поголемо и поквалитетно земјоделско производство. Локалната самоуправа на општина Свети Николе целосно ги подржува земјоделците и здружението „Овчеполски фармер“ и за нивна натамошна активност обезбеди користење на бесплатни простории.   Минатата година светиниколските земјоделци поднеле над 5 илјади апликации за субвенционирање   при што добиле финансиска поддршка во висина од над 2 ипол милиони евра. Во рамките на посетата заменик министерот Костадиновски заедно со градоначалникот Зоран Тасев го посети и локалитетот на хидро акумулацијата „Мавровица“ каде во тек е асфалтирање на пат во должина од 800 метри.

zemjodelci (1) zemjodelci (5) zemjodelci (4) zemjodelci (3) zemjodelci (2)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora