Заврши изградбата на двете улици „Крсте Мисирков“ и „Младинска“ во должина од 1720 метри кои ги поврзуваат населбите „Поглед“ и „Бел Камен“. Инаку на овие две улици покрај асфалтниот слој на коловозот целосно се заменети водоводната и канализационата мрежа, а поставена е и нова атмосферска канализација.